Достапни линкови

Шчербак: односите меѓу Македонија и Русија, стабилни


рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак

„По 24-те години дипломатски односи меѓу двете земји, сега нашите односи имаат стабилен карактер. Има потенцијал за развој на односите во сите сфери: на политички, стопански, трговски план, во поглед на инвестициите, во културата и образованието. Многу е битно што нашите односи имаат цврсти духовни и историски темели“, изјави рускиот амбасадор во Македонија Олег Шчербак при отворањето на изложбата фотографии „Москва денес“ во Прилеп. Тој во врска со спорот за името меѓу Македонија и Грција изјави дека е многу битно такви прашања да се решаваат преку преговори и врз основа на почитувањето на заемниот интерес.

XS
SM
MD
LG