Достапни линкови

Судењето за „Тортура“ одложено за 23 март


Лидерот на „Обединети за Македонија“, Љубе Бошковски

Првото рочиште за предметот на СЈО „Тортура“ денеска беше одложено за 23 март поради тоа што не биле исполнети условите за работа на Кривичниот суд. Случајот се однесува на начинот на лишување од слобода на лидерот на „Обединети за Македонија“ и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски, на 6 јуни 2011 година, ден по предвремените парламентарни избори.

Во „Тортура" обинети се поранешниот прв човек на единицата „Алфи" Ивица Антевски - Пуки и уште петмина припадници на единицата за апсењето на Бошковски.

XS
SM
MD
LG