Достапни линкови

Сибирска студена ноќ во Европа, над 20 жртви


Бран сибирски студ владее во цела Европа, од Балтичко до Среоземно море при што за неколку денови настрадаа над 20 луѓе. Британските медиуми овој бран го нарекуваат „Ѕвер од Истокот“, во Холандија го викаат „Сибирска мечка“, а во Шведска „Снежен топ“. Тој го загрози животот на најчувствителните, како на старите лица и бездомниците, додека во цела Европа владее и сообраќаен хаос. Температурата во текот на ноќта се движи од -18 до – 24 степени. Најмногу жртви од студот има во Полска, Естонија и Литванија.

XS
SM
MD
LG