Достапни линкови

Одбележување на тригодишнината од убиството на Немцов


Руски опозициски активисти на маршот во чест на Немцов на 25.02 2018 година

Пријатели, колеги и поддржувачи на рускиот опозициски лидер Борис Немцов денеска ќе ја одбележат тригодишнината од неговото убиство. Опозицискиот политичар Илија Јашин изјави дека церемонијата ќе се одржи во центарот Сахаров каде ќе има изложба со фотографии од Немцов од различни периоди на неговиот живот.

Јашин посочи дека ќе биде претставен и документарецот „Мојот пријател Борис Немцов“ и ќе биде објавена снимена изјава од неговата ќерка Жана Немцова која во моментов живее во Германија.

Според него, ќе има и собир и едноминутно молчење на мостот во Москва во близина на Кремљ каде беше убиен Немцов на 25 февруари во 2015 година. Пред два дена илјадници луѓе маршираа во Москва и други руски градови во чест на Немцов, кој беше критичар на претседателот Владимир Путин.

XS
SM
MD
LG