Достапни линкови

Хуманитарната пауза стапува во сила во сирискиот регион Гута


Урнатини по борбите во источниот дел на Гута

Петчасовното примирје кое го предложи Русија стапува од денеска во сила во источниот дел на Гута, кој е под контрола на бунтовниците во Сирија. Рускиот министер за одбрана Сергеј Шоигу изјави дека претседателот Владимир Путин наредил секојдневна хуманитарна пауза од девет часот наутро до два часот попладне.

Според најавите, ќе биде отворен и хуманитарен коридор преку кој цивилите ќе може да си заминат од Гута. Околу 393 илјади цивили се заробени во регионот.

XS
SM
MD
LG