Достапни линкови

Јункер: Србија мора да го реши спорот со Косово за да влезе во ЕУ


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер и српскиот претседател Алаксандар Вучиќ, Белград, 26.02.2018.

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер изјави дека Србија мора да го реши спорот со Косово и да имплементира серија реформи пред да може да влезе во Европската унија. Јункер, по средбата со српскиот претседател Алаксандар Вучиќ во Белград оцени дека Србија е на вистинскиот пат, но оти ЕУ не може да прима нови членки со нерешени територијални прашања. Јункер престојува во Србија во рамките на неговата турнеја по земјите од Западен Балкан. Тој претходно ги посети Македонија и Албанија, а по Србија заминува за Црна Гора, Косово и БиХ. Турнејата ја завршува на 1 март во Софија со состанок со балканските лидери.

XS
SM
MD
LG