Достапни линкови

Затворена црквата на Светиот гроб во Ерусалим


Црквата на Светиот Гроб, Ерусалим

Христијанските верски лидери во Ерусалим ја затвориле Црквата на Светиот Гроб која е изградена на местото каде што се верува дека Исус Христос бил распнат, погребан и воскреснат. Затворањето е во знак на протест против израелскиот план за оданочување на деловните активности на црквата. Во заедничкото соопштение на лидерите кои ја делат одговорноста за локацијата го нападнаа она што тие го нарекуваат „систематска кампања на злоупотреба“ против нив и невиден напад врз христијаните во Светата земја. Оваа Црква е една од најпопуларните локации за посетителите на Светата земја.

XS
SM
MD
LG