Достапни линкови

Вучиќ и Лавров задоволни од билатералните односи


Српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничка прес-конференција со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Белград, 21.02. 2018.

Српскиот претседател Александар Вучиќ на заедничката прес-конференција со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров синоќа во Белград изјави дека Србија е на европски пат, но оти ќе продолжи да гради најдобри односи со Русија. „Претпоставувам дека ќе има различни видови желби и притисоци односите да се движат во поинаква насока, но Србија ќе биде на иста линија, ќе ги почитува традиционалните односи и ќе развива најдобри односи со Руската Федерација“, посочи Вучиќ. Шефот на руската дипломатија истакна дека Русија и Србија се партнери, кои еден на друг ништо не си наметнуваат и оти Москва ги поздравува напорите на Србија на патот кон Европска унија, но и во односите со евроазискиот сојуз. Тој посочувајќи ја соработката на Србија со НАТО, но и со Сојузот за колективна безбедност, посочи дека статусот на неутралност на Србија е еден од најважните фактори на стабилност на Балканот.

XS
SM
MD
LG