Достапни линкови

Напад со бомба врз амбасадата на САД во Подгорица


Неидентификуван маж фрлил граната врз американската амбасада во Подгорица, 22.02.2018.

Неидентификуван човек фрлил рачна граната врз американската амбасада во Подгорица пред да се разнесе, потврди владата на Црна Гора. До нападот дошло неколку минути по полноќ, јави веб порталот „порталаналитика“ додавајќи дека жителите во околината слушнале две експлозии. Полицијата потврди дека имало инцидент без да прецизира за што станува збор и за тоа кои биле мотивите на напаѓачот. „Американската амбасада во Подгорица ги советува граѓаните на САД да ја избегнуваат амбасадата бидејќи има активна безбедносна ситуација“, се наведува на веб страницата на американската амбасада. Црна Гора стана 29 земја членка на НАТО во мај лани, потег кој наиде на противење на проруските граѓани во таа земја.

XS
SM
MD
LG