Достапни линкови

Стотина убиени во нападите во Гута во Сирија


напади на силите на сириската влада врз делови на источниот град Гута, 19.02.2018.

Во најновите напади на силите на сириската влада врз делови на источниот град Гута кои се под контрола на бунтовниците биле убиени стотина луѓе меѓу кои и 20 деца, соопшти Опсерваторијата за човекови права со седиште во Британија. Билансот на жртвите расте, додека артилериските и воздушните напади и зацврстувањето на позициите на владините сили навестуваат скорашен копнен напад врз таа енклава која од 2013 година е во рацете на бунтовниците. Обединетите нации побараа веднаш да бидат прекинати нападите врз Гута каде што имало над 400 илјади луѓе.

XS
SM
MD
LG