Достапни линкови

Во Киев собир за поддршка на Саакашвили да се врати во Украина


Неколку илјади луѓе се сообраа во Киев, барајќи оставка на претседателот на Украина Петро Порошенко

Неколку илјади луѓе се сообраа во Киев барајќи во Украина да се врати опозиционерот и поранешен претседател на Грузија Михаил Саакашвили кој на 12 февруари беше протеран во Полска. Саакашвили кој претходно му беше сојузник на украинскиот претседател Петро Порошенко сега е еден од неговите најголеми противници и го обвинува претседателот за корупција. Демонстрантите побараа и оставка на Порошенко, скандирајќи дека е крадец.

XS
SM
MD
LG