Достапни линкови

Орбан: христијанството е последна надеж за Европа


Унгарскиот претседател Виктор Орбaн

Унгарскиот претседател Виктор Орбaн оцени дека христијанството е последна надеж за Европа и оти политичарите во Брисел, Берлин и Париз кои се залагаат за прифаќање мигранти го отворија патот кон „пад на христијанската култура и напредување на исламот“. Орбан во вчерашниот говор за состојбата на нацијата рече дека неговата влада се противи на напорите на ОН и ЕУ миграцијата да биде прифатена во целиот свет. Орбан оцени дека исламот „наскоро ќе чукне на вратата на централна Европа“ како што напарви на западот, па и на југот на Европа. Аналитичарите сметаат дека Орбан со овој говор ја започна кампањата за изборите закажани за април годинава на кои се надева дека ќе освои трет мандат.

XS
SM
MD
LG