Достапни линкови

Бугарскиот претседател во посета на Македонија


Бугарскиот претседател Румен Радев

Бугарскиот претседател Румен Радев од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија. Радев пристигнува на покана на шефот на македонската држава Ѓорге Иванов. Тој денеска ќе биде пречекан со највисоки државни и воени почести на платото пред Кабинетот на претседателот Иванов, а потоа двајцата државници ќе имаат тет-а-тет средба. Радев и Иванов утре ќе имаат средба со претставници на стопанските комори на двете земји.

XS
SM
MD
LG