Достапни линкови

Намален бројот на цивилни жртви во војната во Авганистан


Авганистан: Објавување на годишниот извештај на Мисијата за помош на ОН во Авганистан.

Бројот на жртвите во војната во војната во Авганистан е намален за 9 отсто минатата година, соопштија Обединетите Нации во годишниот извештај објавен од Мисијата за помош на ОН во Авганистан и Канцеларијата за човекови права. Според податоците 10.453 цивили биле убиени или повредени во 2017 година.

Шефот на Мисијата Тадамичи Јамамото изјави дека особено е згрозен од континуираното користење на самоубиствени бомбашки напади во населени места.

Друга причина за цивилни жртви е ангажирање на терен меѓу антивладините и провладините сили, иако има намалување од 19 отсто во однос на нивото во 2016 година.

XS
SM
MD
LG