Достапни линкови

Габриел: Германија останува партнер на Косово


Шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел

Шефот на германската дипломатија Зигмар Габриел изјави дека Германија останува сигурен партнер на Косово не само на политички, туку и на економски план. Тој на прес конференцијата во Приштина заедно со косовскиот премиер Рамуш Харадинај рече дека Германија ќе продолжи да ја дава потребната поддршка за јакнење на валдеењето на правото на Косово. Тој во името на Германија на граѓаните на Косово им ја честиташе десетгодишнината од прогласувањето на независноста на Косово.

XS
SM
MD
LG