Достапни линкови

Работна посета на Димитров на Бугарија


министерот за надворешни работи Никола Димитров

Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров во Софија оствари средби со бугарскиот претседател Румен Рaдев, со претседателот на Владата, Бојко Борисов и со министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, соопшти МНР. Димитров и Захариева, во присуство на премиерот Борисов, ги разменија ратификациските документи на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка и го потпишаа Протоколот за нивната размена, со што Договорот стапи во сила. Притоа, министрите и премиерот ја подвлекоа важноста на Договорот, како поттик за натамошно зацврстување на односите и соработката меѓу двете држави, но и добар пример за унапредување на добрососедските односи меѓу државите во регионот.

XS
SM
MD
LG