Достапни линкови

Тачи: оваа година историска спогодба со Србија


Претседателот на Косово Хашим Тачи

Претседателот на Косово Хашим Тачи изјави дека очекува Косово годинава да постигне историска спогодба со Србија која не би морала да значи признавање на независноста, но која на Приштина ќе и овозможи место во Обединетите нации. Тачи во интервју за новинската агенција Ројтерс наведува дека спогодбата ќе донесе целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина. Тој додаде дека основањето на Специјалниот суд за злосторства на Ослободителната војска на Косово е „историска неправда“, но оти Косово го основал тој суд за да го задржи стратегиското партнерство со САД, ЕУ и НАТО.

XS
SM
MD
LG