Достапни линкови

Изгласана доверба за холандската влада


холандскиот премиер Марк Руте

Холандскиот парламент и изгласа доверба на владата на премиерот Марк Руте само неколку часа откако шефот на дипломатијата Халбе Зејлстра поднесе оставка на функцијата. Тој претходно призна дека лажел оти присуствувал на еден собир во 2006 година на кој домаќин бил рускиот претседател Владимир Путин. Зејлстра рекол дека на тој состанок лично слушлал оти Путин зборувал за планот да создаде Велика Русија во Европа. Гласањето за доверба го покрена пратеникот на Слободарската партија Герт Вилдерс кој оцени дека е неприфатливо премиерот да не ги информира пратениците за овој скандал поврзан со министерот за надворешни работи.

XS
SM
MD
LG