Достапни линкови

Руски наемници загинале во американски воздушен напад во Сирија


Американскиот секретар за одбрана Џим Матис

Десетина руски наемни војници биле убиени во американски воздушен напад во Сирија, објавија некои руски медиуми. Новинската агенција Асошитед прес оцени дека тоа би можело дополнително да ги зголеми тензиите меѓу Русија и САД. Официјални претставници на Москва и Вашингтон не се изјаснија во врска со инцидентот кој би можело да претставува непријатност за двете земји ако се покаже за точно дека руски наемни војници биле дел од единицата која нападнала американски војници. До овој инцидент дошло во минатата недела. Американскиот секретар за одбрана Џим Матис изјави дека немал сознанија оти меѓу загинатите имало руски наемници.

XS
SM
MD
LG