Достапни линкови

Нетанјаху: не напрвив ништо лошо, останувам премиер


Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху

Премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху изјави дека цел свој живот работел за Израел и најави дека ќе остане на таа функција и покрај тоа што израелската полиција препорача против него да биде покренато обвинување за два случаја на корупција. „Таквите препораки не значат ништо во демократско општество“, рече Нетанјаху во телевизиското обраќање до нацијата, додавајќи: „Се што правев беше за земјата, а не за цигари од пријатели и за подобро медиумско покривање. Тој повторно одрече дека примал скапи подароци од холивудскиот продуцент Арон Милхан во замена за услуги. Нетанјаху е осомничен и за тоа дека со издавачот на израелскиот весник „Једиот ахронот“ се договорал поволно да известува за него во замена за намалување на влијанието на конкурентскиот дневник.

XS
SM
MD
LG