Достапни линкови

Ослободени полицајците уапсени за случајот Ивановиќ


Митровица

Основниот суд во ги ослободи двајцата полицајци кои беа уапсени пред два дена под сомнение дека не го заштитиле местото на убиството на Оливер Ивановиќ, јавува „Коха диторе“. Веста за весникот ја потврди и главниот обвинител на Основното обвинителство во Митровица, Шуќри Суља. Обвинителството побара од судот едномесечен притвор за осомничените. Оливер Ивановиќ, водач на Граѓанската иницијатива на СДП, беше убиен на 16 јануари пред седиштето на партијата во Северна Митровица.

XS
SM
MD
LG