Достапни линкови

Димитров и Коѕијас на состанок со Нимиц во Виена


Министерот за надворешни работи Никола Димитров со неговиот грчки колега Никос Коѕиас, Њујорк, 20.09.2017.

Нова средба во рамките на процесот на преговори за решавање на спорот со името меѓу Македонија и Грција, под посредништво на медијаторот Метју Нимиц на ниво на министери за надворешни работи ќе се одржи денеска во Виена, соопшти македонското Министерство за надворешни работи. Шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас синоќа се состанаа во Виена, а денеска ќе имаат заеднички состанок со Нимиц на кој е предвидено да се интензивираат преговорите и ќе го разгледаат предлогот на медијаторот. Новата рунда преговори уште минатата недела ја најави премиерот Зоран Заев.

XS
SM
MD
LG