Достапни линкови

Спасени шестмина скијачи кои се изгубија на Попова Шапка


Скијачки центар Попова Шапка

Шесттемина скијачи кои вчера се изгубија на Попова Шапка, пронајдени се и спасени синоќа околу 21 часот, соопшти МВР. Скијачите, од кои двајца косовски и четворица македонски државјани, околу 14 часот и 30 минути со жичница се искачиле на „Церипашина“ и потоа се спуштиле по патеката Јелак. Но, поради густата магла залутале и се изгубиле во непознат шумски предел, два километра северно од месноста „Шипковачки бачила“, над селото Вешала. Веднаш е организирана потрага и околу 21 часот сите се пронајдени живи и здрави во месноста „Студорек“, во близина на „Шипковачки бачила“, и со ратрак се спуштени кон Полициското одделение Попова Шапка, информира МВР.

XS
SM
MD
LG