Достапни линкови

Повторно судење на обвинетите во случајот „Монструм“


Меѓународните потерници за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сè уште се активни, 

Денеска во кривичниот суд во Скопје на обвинителна клупа повторно треба да седнат обвинетите во случајот „Монструм“. Ним од почеток ќе им се суди за петкратното убиство што се случи на 12 април 2012 година, кај Смилковското езеро, во кое беа убиени четири момчиња и еден рибар. Врховниот суд откако утврди серија пропусти во водењето на постапките, ги укина пресудите и предметот го врати од почеток. Највисокиот суд потоа ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаки Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост, односно да не смеат да го напуштат градот во кој што живеат, а имаат и обврска двапати неделно да се јават во Основниот суд Скопје 1. Меѓународните потерници за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ сè уште се активни, иако тие со години се на Косово.

XS
SM
MD
LG