Достапни линкови

Путин се надева дека санкциите кон Русија ќе му здодеале на западот


Русија-претседателот Владимир Путин зборува на настан организиран од Руската унија на индустрија и претприемништво, 09.02.2018

Рускиот претседател Владимир Путин на бизнис лидерите во својата земја им рече дека верува оти на западните земји ќе им здодеала политиката на санкции против Москва и наскоро нивните односи ќе се подобреле. Путин ова го кажа денеска на затворен состанок со Руската унија на индустријалци и претприемници, важна групација на шефови на компании и магнати. Руските новински агенции пренесуваат дека Путин рекол оти тоа ќе значи почеток на нормални односи со западот. Ваквите изјави на рускиот претседател доаѓаат месец и половина пред претседателските избори во земјата што се закажани на 18 март, на кои тој е кандидат. Тие следуваат и по извештаите за загриженост кај руската елита поради санкциите кои влијаат врз руската економија и ги коплицираат трговските договори со западните земји. САД, ЕУ и други земји воспоставија санкции против Русија како реакција на анексијата на Крим и нејзината улога во војната во источна Украина.

XS
SM
MD
LG