Достапни линкови

Орбан:Договорот за гас со Романија значи крај на рускиот монопол


Архивска фотографија-премиерот на Унгарија Виктор Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска рече дека престојниот договор за увоз на природен гас од Романија ќе значи крај на годините на руски монопол со гасот во Унгарија. Тој додаде дека Унгарија планира да зема 4 милијарди кубни метри природен гас годишно од Романија и како резултат на тоа да ја подобри својата геостратегиска позиција на земјата. Орбан рече дека земјата веќе изградила гасовод до Романија, а дека соседната земја сега се поврзува со нив. Унгарија е многу зависна од увозите на нафта и гас од Русија.

XS
SM
MD
LG