Достапни линкови

Одржани консултации за градење доверба меѓу Македонија и Грција


Архивска фотографија-зградата на Министерството за надворешни работи

Денеска во Министерството за надворешни работи Македонија и Грција ја одржаа седмата рунда консултации во врска со Мерките за градење доверба меѓу двете земји. Како што информираше вечерва македонското МНР, состанокот бил продолжение на пријателскиот и конструктивен дијалог за различни области од заеднички интерес и во поддршка на напорите на Владите во создавањето на, како што наведуваат, позитивна политичка клима во билатералните односи меѓу двете земји.

„Усогласените области на соработка вклучуваат проекти за поврзување, полициската соработка, европските програми, културата, образованието, цивилната заштита, јавната администрација, здравството, соработката меѓу дипломатските академии, како и реализацијата на бизнис иницијативи. Соработка беше иницирана и во областа на сеизмологијата, а беше парафиран и Меморандум за разбирање за соработка на полето на цивилната заштита“ наведуваат од МНР.

Од таму информираат дека следниот состанок ќе се одржи во Атина.

XS
SM
MD
LG