Достапни линкови

Отворени Зимските олимписки игри во Пјонгчанг


Пјонгчанг-Претседателот на државата Мун Џае-ин и сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун на отворањето на игрите

Дваесет и третите Зимски олимписки игри беа отворени денеска во Пјонгчанг, Јужна Кореја со двочасовна церемонија која ја следеа околу 35 000 луѓе, меѓу кои и шефови на држави и влади.

Церемонијата на новиот олимписки стадион следуваше часови откако Спортскиот арбитражен суд ја одби жалбата на 45 руски атлетичари против забраната да учествуваат на игрите. Одлуката на Судот во Лозана доаѓа во услови на долготраен спор околу допингот по кој на Русија и беше забрането учеството на игрите, иако 169 руски спортисти ќе се натпреваруваат како независни. За време на церемонијата руските атлетичари маршираа под ознаката „Олимписки атлетичари од Русија“, носеа долги сиви палта и бели капи, а јужнокорејски волонтер го носеше олимпиското знаме.

Покрај контроверзиите со руската забрана, игрите во Пјонгчанг се интересни и поради делумното затоплување меѓу Северна и Јужна Кореја. Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин ги прогласи игрите за отворени откако два пати се ракуваше со Ким Јо Јонг, сестра на лидерот на Северна Кореја Ким Јонг Ун, која дојде во таа земја за првпат.

XS
SM
MD
LG