Достапни линкови

ЦУК: Општините да ги проверат критичните места каде е можно поплавување


Илустрација: Поплави во прилепското село Лажани.

Единиците на локална самоуправа да ги задолжат јавните претпријатија да ги проверат сите критични места на кои е можно излевање и поплавување на реките, по најавите за нови врнежи од снег и дожд, препорачува Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Се препорачува проверка на состојбата со мрежата на одводните канали и другите водни објекти во општините, а потребно е тие да ги известат земјоделците да ги заштитат земјоделските површини.

Од ЦУК потсетуваат граѓаните да го користат бесплатниот телефонски број за итни повици 195 доколку имаат потреба.

За време на викендот се очекуваат нови врнежи од дожд, а на повисоките места и планините врнежи од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните и југозападните делови, особено во сабота.

Вкупната количина на наврнат воден талог во овие делови се очекува да надмине 30 л/м2. Границата на снежните врнежи ќе биде пониска во недела и ќе се спушти до околу 800 метри надморска височина.

XS
SM
MD
LG