Достапни линкови

Шилегов-Каминис: Соработка за градење доверба меѓу граѓаните


Градоначалникот на Атина Јоргос Каминис т градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Владите во Скопје и Атина треба да се фокусираат на она што ги поврзува двете држави и општества, порача градоначалникот на Атина Јоргос Каминис по денешната средба со градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Тие испратија порака за соработка, градење на доверба меѓу граѓаните и подобрување на климата меѓу двете општества.

Каминис посочи дека денешната средба претставува почеток на поблиска соработка меѓу двата града. Тој порача дека владите во Атна и Скопје треба да се фокусираат на она што ги поврзува двете држави и двете општества, а не на она што ги разделува.

„Ние, градоначалниците на двата главни града се согласуваме со потребата за постигнување фер и одрлжливо решение, знаејќи ги предностите што доаѓаат со него“, рече Каминис.

Шилегов рече дека ако има добра соработка меѓу главните градови тогаш лесно ќе има подобра соработка меѓу владите:

„Иницијативите кои ги поврзуваат народите и регионите во продуктивна соработка и разбирање се пријателски иницијативи. Затоа верувам дека ние имаме силна волја и капацитет да го зацврстиме нашето пријателство во иднина, објасни Шилегов.

XS
SM
MD
LG