Достапни линкови

Одложени рочиштата за предметите „Т.Н.Т“ и „Тотал“


Архива: Никола Груевски пред Суд во Скопје.

За 15 февруари е одложено судењето за предметот на СЈО „Т.Н.Т“ во кое обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски за уривање на комплексот „Космос.“

На предлогот за одложување на судијата Огнен Ставрев реагираше одбраната дека времето е кратко и немаат доволно време да се подготват, а пред судот реагираше и Груевски кој на судијата му рече дека не е фер бидејќи не им се остава доволно време за подготовка.

„Во понеделник, вторник и среда сме по цел ден на рочишта, а вие закажувате судење веднаш во четвтрок. Вака немаме време да ги слушнеме снимките, да ги видиме доказите и да се подготвиме, рече Груевски оценувајќи го судењето како фарса: „на еден друг политичар му се закажуваат рочишта на три месеци, а мене на три дена, рече Груевски.

Во случајот „Т.Н.Т“ обвинети се седум лица за уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина Фијат Цаноски.

Денеска исто така беше одложено и рочиштето за предметот на СЈО „Тотал“, во кој новинарот Драган Павловиќ-Латас е обвинет за даночно затајување. Неговата одбрана информираше дека Павловиќ поради лични причини не присуствувал на денешното рочиште.

XS
SM
MD
LG