Достапни линкови

Почнува отворањето на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг


Олимпискиот стадион во Пјонгчанг.

Отворањето на 23-те Зимски олимписки игри ќе започне денеска во 12 часот по средноевропско време во јужнокорејскиот град Пјонгчанг, на само неколку часа откако Спортскиот арбитражен суд ги отфрли жалбите на 45 руски спортисти против забраната за учество на игрите.

Одлуката на Судот во Лозана доаѓа во услови на долготраен спор околу допингот по кој на Русија и беше забрането учеството на игрите, иако 169 руски спортисти ќе се натпреваруваат како независни.

Покрај контроверзноста околу забраната и учеството на руските спортисти со статус „Олимписки спортисти од Русија“, во фокусот на игрите во Пјонгчанг исто така е делумното затоплување меѓу Северна и Јужна Кореја.

Спортистите од Северна Кореја ќе учествуваат во заеднички тим со спортистите од Јужна Кореја и ќе маршираат заедно под едно знаме на Полуостровот, прв пат по повеќе од една деценија.

Церемонијата за отворањето, на која се очекува да присуствуваат претседатели и премиери заедно со околу 35 илјади гледачи, ќе се одржи на Олимпискиот стадион во Пјонгчанг чија изградба чинеше 58 милиони долари.

XS
SM
MD
LG