Достапни линкови

Заев на средба со Меркел на 21 февруари во Германија


Архива: Премиерот Зоран Заев присуствува на Самитот за Западен Балкан во Трст.

Премиерот Зоран Заев на 21 февруари ќе се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел, срдба предвидена во рамки на посетата на македонската владина делегација на Германија која ќе ја предводи Заев, соопштуваат од Владата.

Заев се сретна со Меркел во јули минатата година во Трст на маргините на Самитот „ЕУ – Западен Балкан“, кога германската канцеларка искажа поддршка за суштински реформи и интеграција на Македонија во ЕУ.

XS
SM
MD
LG