Достапни линкови

Тилерсон на Блискиот Исток и покрај тензиите околу Сирија


Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон ќе отпатува за Блискиот Исток и покрај тензиите по обновените судири во Сирија. Тој од 11 до 16 февруари ќе ги посети Јордан, Турција, Либан, Египет и Кувајт. Меѓу другото Тилерсон ќе ја предводи американската делегација на министерскиот состанок на Глобалната коалиција во борбата против милитантите на Исламската држава што ќе се одржи во Кувајт.

XS
SM
MD
LG