Достапни линкови

Лидерите на Турција, Русија и Иран договорија самит за Сирија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и претседателот на Русија Владимир Путин

Претседателите на Турција, Русија и Иран се договорија да се сретнат во Истанбул за да разговараат за конфликтот во Сирија, соопшти неименуван извор од турскиот претседателски кабинет. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имал одвоени телефонски разговори со претседателот на Русија, Владимир Путин и на Иран, Хасан Рохани, при што е договорено датумот за самитот да се прецизира во наредните недели. Кремљ соопшти дека Путин и Ердоган се согласиле да ја зголемат соработката меѓу воените и безбедносните служби на двете земји со цел борба против тероризмот во Сирија.

XS
SM
MD
LG