Достапни линкови

Во Скопје консултации за градење доверба меѓу Македонија и Грција


Министерство за надворешни работи во Скопје

Македонското и грчкото министерство за надворешни работи утре во Скопје ќе одржат седма рунда консултации како дел од Мерките за градење на доверба меѓу двете земји. Се очекува во двете делегации учество да земат и претставници на повеќе ресорни институции. Инаку, на 15 и 16 февруари во Софија министрите за надворешни работи на Грција и Македонија, Коѕијас и Димитров ќе се сретнат со медијаторот Метју Нимиц на нова рунда разговори во обид да се изнајде решение за спорот со името до крајот на март.

XS
SM
MD
LG