Достапни линкови

Хан: За влез во ЕУ Србија треба да направи тешки и итни реформи


Eврокомесарот Јоханес Хан во Белград.

За Србија 2025 година не значи бланко чек за влез во ЕУ, бидејќи за тоа се потребни тешки и неодложни реформи, изјави денеска еврокомесарот Јоханес Хан во обраќањето на конференцијата „Стратегија за Западен Балкан-Отварање на патот кон ЕУ“ во Белград.

Во врска со заложбите за постигнување целосна нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, Хан изјави дека не постои временска рамка за решавање на овој проблем, како што претходно се тврдеше до 2019 година, туку дека договорот треба да биде постигнат до пристапувањето во Унијата.

Хан нагласи дека решавањето на билатералните прашања не може да биде компензирано со други обврски.

Тој на темата Косово и владеењето на правото имаше разговори и со претставници на српската опозиција.

XS
SM
MD
LG