Достапни линкови

Пелоси со најдолг говор во Конгресот на САД


Лидерот на малцинството во Претставничкиот дом на Конгресот на САД Ненси Пелоси

Лидерот на малцинството во Претставничкиот дом на Конгресот на САД Ненси Пелоси одржа најдолг говор во историјата на овој Дом. Таа зборуваше 8 часа и 7 минути како поддршка на барањето на Демократите за реформа на имиграциската политика. Пелоси предупреди дека нема да гласа за буџетот без поцврста посветеност во разгледувањето на легислативата за заштита на младите имигранти кои биле донесени во САД како деца. Ним им е дозволено да останат во САД според закон донесен од претходната американска администрација. Но овој закон беше укинат од претседателот Доналд Трамп. Во Сенатот најдолг говор одржал сенаторот од Каролина Стром Турмонд кој во 1957 година зборуваше рекордни 24 часа и 18 минути.

XS
SM
MD
LG