Достапни линкови

Димитров: Реформските процеси имаат далекусежна мисија


Министерот за надворешни работи Никола Димитров

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, во Европскиот парламент во Стразбур имаше излагање во рамките на 14-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет, Република Македонија - Европска унија. МНР соопшти дека тој ја реафирмирал приоритетната цел во односите со Европската Унија - почеток на преговорите за пристапување во Унијата, подвлекол дека реформските процеси во Македонија имаат долгорочна и далекусежна мисија. „Посветени сме на изградба на стабилно и просперитетно европско општество во кое медиумите ќе бидат слободни, ќе владее правото и функционален систем на „спреги и кочници. Целта на реформите е да овозможат суштинска трансформација“, рекол Димитров.

XS
SM
MD
LG