Достапни линкови

Времето денеска: претежно облачно и врнежливо


Во Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Повеќе врнежи се очекуваат попладне, особено во западните делови каде што ќе наврнат од 10 до 15 литри на квадратен метар. Во југозападните делови е можна појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, особено низ Повардарието. Температурата ќе се движи од 7 до 12 степени. Во Скопје и околина слично време со температура до 10 степени.

XS
SM
MD
LG