Достапни линкови

МО: Поинтензивна соработка меѓу армиите на САД и Македонија


Министерката Радмила Шекеринска на средба со генерал-мајор Марк Шварц.

Македонија и САД имаат сеопфатна и континуирана соработка во областа на одбраната и заедничка заложба е таа соработка да биде уште поинтензивна, особено во делот специјалните сили на двете армии, заклучиле на денешната средба министерката за одбрана Радмила Шекеринска и командантот на командата за специјални операции на САД во Европа генерал-мајор Марк Шварц, соопшти македонското Министерство за одбрана.

Министерката Шекеринска порача дека по подобрувањето на политичката состојба фокусот е ставен на стратешките цели, членството во НАТО и ЕУ и дека го информирала гостинот дека Македонија останува посветена на учеството во меѓународните мировни мисии со партнерите од НАТО, со што се зголемуваат капацитетите на Армијата на Република Македонија.

Генералот Шварц ја истакнал одличната соработка со АРМ на полето на специјалните сили посочувајќи дека САД и во иднина ќе ја поддржуваат АРМ во развојот на нејзините капацитети преку релевантни обуки и тренинзи.

XS
SM
MD
LG