Достапни линкови

Трамп: неамерикански е да не ми се аплаудира


Американскиот претседател Доналд Трамп, говор за состојбата на нацијата, 30.01.2018.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги обвини демократите дека биле „неамериканци“, а можеби и предавници, бидејќи не му аплаудирале во текот на говорот за состојбата на нацијата. Во говорот во индустриската населба Блу Еш во Охајо, тој изјави дека демократите во минатата недела испратиле „лоша енергија“ и оти не му ракоплескале дури и на добрите економски вести. „Дали тоа да го наречеме предавство? Зошто не?“, запраша Трамп додавајаќи: „не изгледаше дека тие нешто посебно ја сакаат својата земја“. Во САД стана вообичаено опозициската партија студено да ги дочекува претседателските говори за состојбата на нацијата.

XS
SM
MD
LG