Достапни линкови

Антивладини протести во Киев


Неколку илјади луѓе демонстрираат во центарот на Киев и бараат оставка на претседателот Петро Порошенко. Денешниот митинг е организиран од страна на партијата Движење на нови сили на опозицискиот политичар Михаил Саакашвили. Учесниците маршираат од паркот Шевченко на Европскиот плоштад, држејќи украински знамиња и црвено-црните партиски банери, извикувајќи слогани како "Оставка" и "Украина без олигарси".

Организаторите на "Марш за иднината" велат дека настанот го означува почетокот на кампањата за повик за оставка на претседателот, предвремени парламентарни избори и формирање на нова влада. Околу 2.000 полицајци беа распоредени во главниот град пред митингот. Досега не се пријавени инциденти. Саакашвили беше претседател на Грузија од 2004 до 2013 година.

Тој се откажа од грузискиот пасош во 2015 година кога го прифати украинското државјанство со цел да ја преземе функцијата гувернер на Одеса на барање на Порошенко.Саакашвили поднесе оставка од функцијата во Одеса во ноември 2016 година, обвинувајќи ја владата за поткопување на неговите напори за борба против корупцијата и спроведување реформи, и оттогаш стана жесток противник на украинскиот претседател.

XS
SM
MD
LG