Достапни линкови

Американски војници можна цел на турските вооружени сили во Сирија


Цел на турските вооружени сили во Сирија можат да станат и американски војници, облечени во униформите на курдските Сили за заштита на народот, изјави турскиот вицепремиер Бекир Боздаг.

“Ако курдските сили не го напуштат Манбиј, тогаш ние ќе влеземе во тој град, а исто така ќе тргнеме и кон источниот дел на Еуфрат. Цел ни се и војници на САД во униформи на Силите за заштита на народот,” нагласи Боздаг.

Тој наведе дека за 16 денови, од почеткот на операцијата „Маслиново гранче“ во северниот дел на Сирија, турските сили убиле 932 терористи. Турската војска на 20 јануари ја започна операцијата „Маслиново гранче“ против сириските курдски Сили за заштита на народот и Партијата на демократскиот сојуз.


XS
SM
MD
LG