Достапни линкови

Поплави во Албанија, има и жртви


Невреме проследено со обемни и интензивни врнежи од дожд и силен ветер предизвика големи проблеми во поголемиот дел од територијата на Албанија. Во повеќе населби во Валона и Фиер надојдената река Вјоса поплави повеќе куќи, а поради опасноста евакуирани се многу семејства. Поплавени се и делови кај Ѓирокастро каде има лизгање на земјиште кое е пристигнато до блиските куќи. Во местото Загор под вода се културно-исторски споменици. Немирното море со големи бранови услови прекин на морскиот сообраќај. Два дена не сообраќаат траектите кон италијанскиот брег.

Невремето предизвика голем број дефекти на електромрежата, па без електрична енергија се илјадници домаќинства во подрачјето на Елбасан, Ѓирокастро, Валона и Кукс. Во санирање на дефектите на терен ангажирани се 2.200 вработени на албанската Електродистрибуција.

По низата обвинувања и критики на адреса на Владата за негрижа, премиерот Еди Рама на својот профил на Фејсбук напиша дека „државата е на својата задача“.

XS
SM
MD
LG