Достапни линкови

Протестот во Атина помасовен од очекуваното


Илјадници граѓани, од цела Грција, но и од Атина, семејства со мали деца, пензионери, друштва од млади момчиња и девојки, свештени лица, речиси сите со грчки знамиња во рацете, присуствуваат на денешните протести за Македонија кои се одржуваат во Атина.

Како што јавува МИА, проценките се дека масовноста ги надмина очекувањата. Освен плоштадот Синтагма, сите централни улици се преполни со народ. Движењето меѓу народот е тешко, нешто што не било случај на другите протести во Атина во изминатите години.

Паролите што ги извикуваат се истите каои беа слушнати и на протестот во Солун, порачуваат дека Македонија е грчка, додека пак според аналитичарите и новинарите во Грција, протестот, добива и антивладин карактер.

„Ципрас и Каменос ја распродаваат Македонија, да се одржат сега избори“, пишува на плакатот што го носат неколку млади Грци, додека пак „Македонија е грчка“ е најчестиот слоган на плакатите на Грците.

Во центарот на Атина, меѓу граѓаните се и поранешниот грчки премиер Андонис Самарас, пратеници од опозициската Нова демократија, префектот на областа Централна Македонија, како и лидерот на партијата Сојуз на централисти.


XS
SM
MD
LG