Достапни линкови

МОК против одлуката за укинување на олимписките забрани за 28 спортисти


Шефот на Меѓународниот олимписки комитет ја опиша одлуката на Судот за спортска арбитража со која се укинувааат олимписките допинг забрани за 28 руски спортисти како "исклучително разочарувачка и изненадувачка". Претседателот на МОК, Томас Бах, денеска изјави дека неодамнешната одлука на судот покажува дека треба да има "итна" реформа на внатрешната структура на судот.

Судот за спортска арбитража ги поништи доживотните олимписки забрани против 28-те Руси, пресуди дека има "недоволни" докази дека спортистите имале корист од допингот за време на Зимските олимписки игри 2014, на кои домаќин беше Русија.

Русија соопшти дека сака да испрати 15 од 28-те спортисти од овој случај на Зимските олимписки игри во 2018 година, кои започнаа во Пјонгјанг во Јужна Кореја, на 8-ми февруари. Помеѓу оние што Русија сака да ги испрати се лизгачот Александар Третијаков и скијачкиот првак Александар Легков.

XS
SM
MD
LG