Достапни линкови

Филипче: Невистинити информации ја намалуваат довербата во здравството


Министерот за здравство Венко Филипче ги демантираше информациите во јавноста дека недостига или било заменето бебе на Гинеколошко-акушерската клиника во Скопје.

"Не постои никаква ситуација во која бебе недостига или било заменето. Утврдивме дека станува збор за недоразбирање меѓу семејството на бебето и медицинскиот персонал кое потоа прераснало во кавга”, рече министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференција на која претстави пакет мерки за унапредување на состојбата во родилиштата.

Апелираше и до медиумите пред да објават, како што рече, сензационалистичка вест, да го консултураат менаџментот на клиниката, ПР-службата во Министерството и лично него.

Министерот за здравство Филипче рече дека се уште ги елаборираат сите информации што ги добиле за време на презентацијата на Банката за развој при Советот на Европа и за кратко време ќе донесат одлука дали изградбата на Клиничкиот центар ќе продолжи каде што беше предвидена или тој целосно ќе се дислоцира.

Покачување на платите на медицинскиот персонал од пет проценти е планирано од втората половина на годинава, додаде Филипче, а со ребалансот на буџетот и повеќе.

XS
SM
MD
LG