Достапни линкови

Двајца починати во лавина во централна Италија


Две лица починале од лавина додека скијале од пистата во одморалиште во централна Италија, објавија службите за итни случаи. Според истите извори трето лице е полесно повредено и однесено во болница со хеликоптер по несреќата во одморалиштето Кампо Феличе, што се наоѓа на 120 километри источно од Рим. Кампо Феличе е мало одморалиште кое е популарно кај жителите на Рим во Апенинските Планини.

XS
SM
MD
LG