Достапни линкови

Единаесет пакистански војници загинаа во самоубиствен напад


Најмалку 11 пакистански војници загинаа, а 13 беа ранети во самоубиствен бомбашки напад во армиската база во долината Сват. Пакистанската армија издаде соопштение во кое се вели дека еден напаѓач се разнесел во армиската спортска област, каде што војниците играле во одбојка а, цивили гледале. Еден од полицајците, меѓу другото, бил меѓу убиените. Нападот го извршил припадник на Талибанците Техрик-е, кој го нарече "напад од одмазда". Пакистанскиот премиер Шахид Хакаан Абаси го нарече инцидентот "кукавички напад" и вети дека ќе ја искорени "последната трага" за тероризмот во Пакистан.

XS
SM
MD
LG